3а Hас

Проектот PREPARE (2022-1-TR01-KA220-YOU-000087199) e кратенка за Промовирање на заштита на животната средина и учење за климатските промени. Истиот е финансиран преку Турската национална агенција, во рамки на Еразмус+ програмата, клучна акција 2, Партнерства за соработка во полето на млади (КА220-ТИ).

Проектот е координиран од општина Ушак и имплементиран од конзорциум од 9 партнери и тоа, општини и граѓански организации од Турција, Италија, Северна Македонија и Грција.

Партнери
0
Oпштини
0
Граѓански организации
0
Mало и средно претпријатие
0

Проектот промовира одржливи практики и можности за вработување во секторот туризмот преку развој на релевантни компетенции, знаења и зелени вештини кои ќе им помогнат на младите да пронајдат работа во одржливи туристички бизниси. Главни цели на проектот се да се информираат младите за актуелните предизвици како што се климатските промени, да се запознаат со зелената агенда на ЕУ за одржливост и да се зголемат вештините на младите работници и општинските претставници за активен придонес во зелената транзиција. Покрај тоа, проектот има за цел да промовира можности за развој на одржливи бизниси, поконкретно во туристичкиот сектор.

Цели на проектот

Да се информираат младите за актуелните прашања како што се климатските промени; да се популаризира агендата на ЕУ за одржливост, како и да се понуди усовршување на вештините и знаењата на идните млади работници и општински службеници.

Целни групи

Главните целни групи на проектот се вработените во општините и младите кои се во процесот на приклучување кон пазарот на трудот. Секундарна целна група која има полза од проектот се студентите, граѓаните, младинските работници и професионалците од секторот туризамкои кои, исто така, можат да ги искористат едукативните материјали на проектот за да ги унапредат и развијат своите вештини. Долгорочно пак, проектот ќе остави позитивни ефекти врз туристите и посетителите на државите вклучени во проектот, урбанистите, туристичките оператори, еколози и сл.